МЗТ делува незапирливо, се смешка десетта титула (фотогалерија)

МЗТ Скопје со триумф во СЦ „Јане Сандански“ ја почна полуфиналната серија против Работнички, стигнувајќи до предност во серијата што се игра „кој прв до две победи“ во плејофот.

„Центарци“ во долги периоди добро му парираа на актуелниот првак, но МЗТ Скопје покажа дека поседува шампионски шмек. „Металците“ дури и без повредениот Миќовиќ имаат сила и квалитет за во само неколку минути резултатски да се одлепат и да го свртат резултатот во своја полза. Како што доликува на големи тимови.

Овојпат тоа го сторија кон средината на последната четвртина, не дозволувајќи да се влезе во неизвесен финиш. МЗТ Скопје навистина делува незапирливо, особено во плејоф серија во која на ривалите ќе им биде исклучително тешко да го освојат Аеродром ако сакаат да застанат на патот на „металците“ кон јубилејната десетта титула.

Се вчитува...