МЗТ Скопје го комплетираше квартетот странци со ангажман на бековскиот тандем од САД во имињата на Седрик Расел и Ејасу Ворку.
Расел настапуваше во елитната дивизија од НЦАА-лигата, и четири сезони го носеше дресот на Лузијана универзитетот. Има 24 години и визок е 188 сантиметри. Минатата сезона го имаше првиот настап во европската кошарка и тоа во дресот на српскиот прволигаш Тамиш, каде што просечно реализираше 16,2 поени со 2,4 скока и 2,3 асистенции.
Ворку, пак, е добро познат на македонската кошаркарска јавност со оглед што предминатата сезона настапуваше за Гостивар со просек од 16,8 поени, 5,1 скока и 7,2 асистенции. Европската авантура ја почна пред три години во хрватскиот тим Забок, за потоа да направи трансфер во Задар, каде што остави повеќе од солиден впечаток.
МЗТ претходно се засили со српско-хрватскиот центарски тандем Танасковиќ – Баковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА