МЗТ е незапирлив, убедливо совладана и Блокотехна

МЗТ Скопје уште повеќе се зацврсти на првото место на суперлигашката табела откако „сино-белите“ вечерва многу полесно од очекувањата славеа на гостувањето против Блокотехна (90-75). Салата „НОЕЛ“ вообичаено е жежок терен за игра за аеродромци, но избраниците на Ѓорѓи Кочов вечерва одиграа беспрекорно, доминираа во секој аспект во однос на домаќините и заслужено се враќаат дома со нови бодови на своето салдо.

Гостите од Скопје тргнаа фуриозно во првата четвртина, добивајќи ја со 20-26. Блокотехна предводена од Николиќ и од Фундербург успеа да се врати, на одмор се замина со само два поени предност за МЗТ (41-43), за „сино-белите“ потоа целосно да доминираат во второто полувреме. Вудард им создаваше многу проблеми на домаќините, предноста се зголемуваше, па МЗТ Скопје во 29. минута стигна и до првото двоцифрено водство (58-69). Гостите потоа рутински ја одржаа позитивата до самиот крај, до конечните 90-75.

Вудард со 22 поени и 12 скокови беше најефикасен во таборот на МЗТ, Иванов постигна 17, а Самарџиски 16 поени за скопскиот клуб. Фундербург со 23 поени беше прв стрелец на Блокотехна, а Николиќ и Пен реализираа по 16 поени.

Се вчитува...