МЗТ е пресилен за ФМП Академија, од првото место ќе влезе во плеј-офот

Кошаркарите на МЗТ ја оправдаа фаворитската улога, и славеа на гостувањето во Кисла Вода кај ФМП Академија со убедливи 105-67. Уште во првиот дел беше решен победникот, кога „металците“ заминаа со предност од 22 разлика, а до крајот само констатно ја зголемуваа разликата.

Робертс беше најефикасен со 25 поени, додека Андоноски кај МЗТ со 20 поени беше најефикасен кај победничката екипа.

Со оваа победа, „металците“ дојдоа до првото место на табелата, кое ќе им донесе натпревар плус на домашен терен при евентуално финале во плеј-офот со Работнички и разигрувањето за титулата.

Се вчитува...