Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија стигна до нова победа во Првата лига откако вечерва на домашен терен славеше над Охрид со 81-68 во меч од 17. рунда.
Иако тренерот Васко Атанасов ги одмораше браќата Дамјан и Војдан Стојановски, а Ворку имаше мала минутажа, аеродромци без никакви проблеми ја оправдаа фаворитската улога и на крајот стигнаа до рутински триумф. Харис Делалиќ со 21 поен беше прво име кај победникот, додека кај поразените 22 постигна Ледарио Бруер.
До победа стигна и ФМП Академија која беше подобра од Вардар со 80-74. Блејз Нилд со 19 поени беше најдобар кај победникот, додека кај поразените 15 постигна Филип Наков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА