Поранешниот долгогодишен директор на МЗТ Скопје Аеродром, Видоја Секуловски, заминува во пензија. Пред мечот од АБА 2 лигата против Спарс доби дрес во рамка и топка со потписи на сите кошаркари во чест на неговото заминување во пензија на крајот од годината. Подароците му ги доделија директорот Тони Грнчаров и капитенот Дамјан Стојановски.
МЗТ Скопје Аеродром во овие моменти во СЦ „Јане Сандански“ го игра мечот против последнопласираниот тим од второто по ранг регионално натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА