МЗТ го совлада Гостивар и си закажа дуел со ТФТ во плеј-офот

Кошаркарите на МЗТ Скопје се последните патници во полуфиналето на плеј-офот во кошаркарскиот шампионат, откако го совладаа составот на Гостивар на негов терен, убедливо со 70-96 и си закажаа плеј-оф дуел со ТФТ.

МЗТ уште по првиот дел му покажа на Гостивар дека нема што да бара во овој дуел, водејќи го со дури 23 разлика по првиот дел. Во третата четвртина дојде до мало опуштање, па Гостивар успеа да намали од разликата, меѓутоа МЗТ во последниот период ја потврди убедливата победа.

Делалиќ беше најефикасен со 23 поени, кај Гостивар Инграм постигна 21. Ова е крај за Гостиварци во оваа сезона, а МЗТ ќе игра против ТФТ, кој претходно беше подобар од Чаир со 3-1 во серијата. Во другото полуфинале, Работниќки ќе игра против Пелистер.

Се вчитува...