МЗТ го совлада Гостивар, како опоравување од поразот од Задар

МЗТ Скопје успешно се опорави од поразот во АБА плеј-офот против Задар, совладувајќи го незгодниот Гостивар на домашен терен со 95-91 во 4. коло од суперлигата во домашниот шампионат.

Во првото полувреме двете екипи си поделија по една четвртина, а на пауза се замина со минимална предност на гостите од еден поен (34-35). Второто полувреме беше како пресликано. Домаќините одиграа одлично во третата четвртина, а пак избраниците на Марјан Србиновски се разиграа во последниот дел.

Најдобар поединец во таборот на МЗТ беше Предраг Самарџиски кој забележа дабл-дабл со 27 поени и 13 скока, а 20 поени забележа капитенот Дамјан Стојановски. Кај гостите се издвоија Џозеф Фустингер со 27 поени и Александар Костоски со 19.

Со победата избраниците на Кочов се искачија на првата позиција на првенствената табела со скор од 21 победа и 3 порази, додека Гостиварчани остануваат на делба на третата позиција со Блокотехнасо скор од 17 победи и 7 порази.

Се вчитува...