МЗТ и прекривките: Шампионот пола сезона се фали дека ги прекрива црвените столчиња!?

Македонска кошарка и се е можно. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром вторпат оваа сезона, во обид да им се умилкува на навивачите, објавува дека ги покриле сите црвени столчиња во салата „Јане Сандански“. Тоа еднаш се случи за големата сала, а потоа излезе дека се прекриени само еден мал дел на столчиња од едната трибина, а сега направиле таков голем чекор, што покриле дури околу илјада столчиња во малата сала. Се разбира, потоа и пофалба на сопствениот сајт…

Почнувајќи од вечерашниот дуел со Гостивар (18 часот) во склоп на 3. коло од Суперлигата, црвените столчиња во салата „Јане Сандански“ дефинитивно заминуваат во историјата, кога станува збор за натпреварите на МЗТ Скопје Аеродром во оваа сала, информираа од МЗТ Скопје Аеродром.  

Денеска финишира поставувањето прекривки врз седиштата, кои во минатото беа камен на сопнување во односите со навивачката група Фемили. Првата фаза на оваа „операција“ почна во јануари, а кулминацијата ќе се случи вечерва во малата сала, каде што на пресметката со гостиварци за првпат ќе нема ниту едно црвено столче на трибините.

Истото ќе биде и на секоја идна средба на сино-белите без разлика дали ќе играме во малата или во големата сала во спортскиот комплекс во населбата Аеродром. Воедно, ова е и мотив повеќе и за играчите и за навивачите во пресрет на вечното дерби против Работнички, закажано за в сабота во „Градски парк“

Истовремено, ова е и уште една потврда на решеноста на управата на клубот да ги исправи односите со најверните навивачи, кои се исклучително важна за раководството со цел кошаркарите да ја добијат сета неопходна помош во обидот да се оствари посакуваната цел, а тоа е освојување на шампионската титула.

Се вчитува...