МЗТ и Работнички казнети за организациските пропусти во финалето

Финалистите во домашниот кошаркарски плејоф, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, ќе треба да платат високи казни за пропустите во организацијата во текот на финалната серија во која тимот од Градски парк беше домаќин на две, а МЗТ на една средба.

Вкупната казна за вицепрвакот, МЗТ Скопје Аеродром изнедува 228.000 денари. Во оваа сума се вкалкулирани, шестата техничка грешка сезонава за клубот, плукање противнички играчи, фрлање на тврди предмети, палење на чадни бомби и останати пропусти.

Работнички мина со комплетна казна од 128.000 денари. Во Градски парк исто така имаше лоша организација, неспортско навивање, плукање противнички играчи, фрлање на тврди предмети и палење на чадни бомби.

Работнички со максимални 3-0 во победи ја доби финалната битка со МЗТ Скопје Аеродром и стигна до 15.шампионска титула во македонската кошарка.

Се вчитува...