МЗТ и Работнички ќе се сретнат во Сараево

По двата „балона“ во Златибор и Бања Лука каде што се одиграа првите седум кола од АБА2 лигата, следните три средби ќе бидат одиграни во Сараево помеѓу 1. и 7. март, каде силите ќе си ги одмерат и македонските претставници, МЗТ Скопје и Работнички.

Македонската средба ќе биде во етерот во последниот натпревар од осмата рунда, кој е закажан за 03.03 во 11 часот, а покрај „црвено-белите“, тимот од Аеродром во главниот град на Босна и Херцеговина ќе се сретне уште со Ловќен (05.03, 12 часот) и Младост Земун (07.03, 16 часот), додека нашиот најтрофеен клуб за противници ќе ги има Сутјеска (05.03, 16 часот) и Широки (07.03 12 часот).

По првите седум кола, МЗТ Скопје се наоѓа на делба на четвртата позиција на табелата со скор 4-3, додека Работнички е на 13. место со учинок од 2-5, со оглед на тоа што „центарци“ не настапија на „балонот“ во Бања Лука.

Четвртиот „балон“ со што ќе се комплетира регуларниот дел од првенството ќе се одржи повторно во Златибор помеѓу 22. и 28. март.

 

Се вчитува...