МЗТ и се одмазди на Блокотехна и победнички го отвори вториот дел од сезоната

МЗТ Скопје Аеродром со 97-90 го доби дербито со Блокотехна во 12.коло од домашниот кошаркарски шампионат, прво од втората половина на сезоната. По ваквиот исход, МЗТ и Блокотехна имаат идентичен биланс од девет победи и два пораза и се веднаш зад лидерот Рабонички на првенствената табела. Во меѓусебните сезонски дуели сега е 1-1.

Блокотехна одлично влезе во натпреварот, многу брзо поведе со 8-0, но МЗТ експресно се созеде, одговори со серија од 7-0, ја намали негативата, но успеа само еднаш да дојде до израмнување. Сегментот му припадна на гевгелискиот состав со 24-18.

Дури пред крајот од полувремето, со тројката на Вудард, МЗТ успеа да дојде до првото водство на средбата и единствено во првото полувреме (44-43). Блокотехна сепак на паузата замина со минимална предност, водеше со 48-46.

Комплетно поинкава беше сликата во третиот сегмент од натпреварот, во кој МЗТ беше доминантен и се одлепи на високи 13 разлика во 28 минута, го одби нападот на Блокотехна која се закани со серијата од 6-0 и во завршната четвртина понесе девет поени предност, водеше со 74-65 по 30 минути игра.

Во последната четвртина Блокотехна ја немаше енегријата потребна за пресврт, МЗТ константно ја заголемуваше предноста, во завршните четири минути влезе со плус 16 поени и ја задржа високата предност до крајот.

Шестмина играчи на вицепрвакот имаа двоцифен број поени, лидер беше Магдевски со 18, Бојиќ постигна 17,  Вудард  14, а по 13 поени имаа Стојановски, Иванов и Симоновски.

Кај Блокотехна, Николиќ и Мијатовиќ постигнаа по 18, Главчев беше стрелец на 14 поени, Гаидус 15, а Пен 12 поени.

За комплетирање на ова коло, шампионот и водечки на табелата, Работнички, првиот натпревар во вториотдел одсезоната ќе го одигра в среда пртоив Охрид на домашен терен.

Се вчитува...