МЗТ ја освојува Тузла за да им се врати на победите во АБА 2

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром ќе се обиде да се врати во победнички ритам на денешното гостување во Тузла кај Слобода во дуелот од 12. коло во АБА 2 лигата. Денешниот противник на МЗТ е во долниот дел од табелата, има биланс од три победи, осум пораз и 14 бода на претпоследната позиција. МЗТ во претходната рунда загуби од Ловќен. Има ефект од осум победи и три и е на третото место со тоа што второпласираната Рогашка има натпревар повеќе.

„Не очекува пресметка со малд и  атлетски добро поткован противник. За разлика од првото коло во Скопје, екипата на Слобода Тузла е засилена со двајца Американци и со искусниот Рикиќ. Свесни сме дека не очекува тешко и исцрпувачко гостување, но очекувам вистинска реакција од моите кошаркати. Да дадеме се од себе да освоиме два бода“ – вели во пресрет на натпреварот, тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов.

Во првиот меѓусебен дуел сезонава, МЗТ славеше убедливо со 110-88.

„Како и на секој натпревар и овој пат ќе сториме се за да дојдеме до победата. Нема да биде лесно, противникот е засилен и непријатен, но на нас е да одговориме на вистински начин. Мора да одиграме тимски и концентрирано, а ќе мора да ја искористиме максимално секоја грешка на противникот“ – смета Џабари Хиндс.

МЗТ викендов имаше тежок натпревар и во домашното првенство, во финишот извлече победа против Кожув и со тоа се издвои на лидерската позиција на табелата со бод повеќе од Работнички, Гостивар и од Еуроникел.

 

 

Се вчитува...