МЗТ како лидер на распуст, Работнички „замрзна“ во Гостивар

Гостивар убедливо триумфираше над Работнички со 93-79 во пресметката од 11. коло, последно за годинава во домашниот кошаркарски шампионат. Домаќините дојдоа до осмата сезонска победа и второто место на табелата. Клучна за сигурната победа на Гостивар беше завршната четвртина која домашниот тим ја доби со 25-17.

Во текот на натпреварот, двете екипи имаа по неколку успешни поентерски серии, но Гостивар постојано одржуваше предност, водеше со плус шест на полувремето.

Донован Доналдсон со 25 поени беше прв стрелец во победата на Гостивар, Ренато Димитриевски постигна 14 поени. Кај Работнички, 25 поени имаше Хејден Лесколт, 16 поени уфрли Данило Мијатовиќ.

МЗТ Скопје Аеродром очекувано лесно го доби мечот со „помалиот брат“ МЗТ Скопје Уни Банка. Славеше со 80-93 за деветтата победа сезонава со која се зацврти на лидерската позиција на табелата во пресрет на паузата која ќе трае до средината од јануари.

Ерон Харис постигнаа 22, Ѓорѓе Милошевиќ 19, Андреј Маслинко 16, а Андреј Магдевски 15 поени за МЗТ Скопје Аеродром, додека Иван Волкановски со 19 и Виктор Исајловски и Ранко Мамузиќ со по 11 беа најпрецизни кај нашиот младински состав.

Се вчитува...