МЗТ ќе биде уште посилен – офанзива по Војдан Стојановски

МЗТ Скопје на доминантен начин стигна до титулата во македонскиот шампионат, продолжувајќи ја доминацијата на домашната кошаркарска сцена,  а „сино-белите“ од Аеродром планираат уште посилни да влезат во наредната сезона. Доказ за тоа е желбата на управата на МЗТ како главно засилување да биде доведен капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски.

Војдан и во минатото беше желба на аеродромци, но коцките во изминатите години не се поклопија бидејќи тој имаше попримамливи понуди во странство. Овојпат ситуацијата е поинаква, македонскиот репрезентативец се рехабилитира од тешката повреда на коленото заработена при последниот ангажман во странство, во францускиот Гравелин, а МЗТ ќе стори се за да го врати во мак-баскетот, откако Војдан пред десет години си замина од Фени индустри и оствари успешна интернационална кариера.

Воедно, овој трансфер би бил идеална можност Војдан и Дамјан да заиграат заедно и на клупски план, откако долги години настапуваат еден крај друг во дресот на македонската репрезентација. Третиот од браќата Стојановски, Огнен, е прв човек на младинската школа на МЗТ Скопје.

Се вчитува...