МЗТ ќе изгледа поинаку – „рутинер“ ќе го предводи нападот на „штрковите“ (ВИДЕО)

МЗТ Скопје во продолжението од сезоната ќе изгледа поинаку во нападот откако составот од Аеродром во своите редови го доведе Френк Тарнер. Станува збор за искусен плејмејкер кој во својата кариера брои настапи во Холандија, Полска, Франција, Белгија, Романија, Бугарија, Германија и Унгарија.

32-годишниот Американец во Аеродром доаѓа од редовите на унгарскиот тим Алба Фехервар, додека сезоната 2019/20 ја помина во дресот на Корменд каде бележеше просек од 14.9 поени, 6.5 асистенции и 3.0 скока по натпревар.

Тарнер ќе биде од голема помош на „штрковите“ во пресрет на дуелите во АБА2 лигата каде на „балонот“ во Сараево, МЗТ Скопје го очекуваат дуели со Работнички, Ловќен и Младост Зенум. Дебито на Тарнер во „сино-белиот“ дрес се очекува да биде уште во домашното првенство доколку оваа седмица се одигра некој од заостанатите натпревари.

Се вчитува...