МЗТ му пресуди на Фени за Суперлигата

Фени Индустри не успеа да обезбеди пласман во Суперлигата откако на домашен терен во Кавадарци загуби со 95-103, по драматични две продолженија од МЗТ Скопје Аеродром. Кавадарчани беа под притисок за триумф, со оглед дека Куманово лесно ја совлада Блокотехна ривалот кој се закануваше да му ја одземе шестата позиција на табелата. Доколку го победи Шкупи, што е многу извесно, Куманово ќе се пробие на посакуваната позиција за Суперлигата.

Тимот на Фени на стартот покажа дека е многу посилно мотивиран од избраниците на Ѓорѓи Кочов и првата четвртина ја комплетираше со 25-16, а на полувреме замина со десет поени позитива (43-33). Но, потоа дојде пресвртот од гостите. МЗТ беше пред победа, а Фени успеа да се избори за продожение. Драмата продолжи и уште дополнителни пет минути.

Јане Петровски со 26 поени беше предводник во составот на Фени Индустри. Марко Симоновски со 25 кошеви се истакна во гостинскиот табор, а Андрија Бојиќ постигна 24.

Се вчитува...