МЗТ на нов испит, ривал е шампионот на БиХ

МЗТ Скопје вечерва (19 часот) го пречекува Широки Бријег, во рамките од осмото коло во АБА2-лигата, пресметка со директен ривал за висок пласман во регионалното натпреварување. Гостите од БиХ се актуелни прваци на својата земја, по првите седум кола имаат идентични пет победи и два порази како и кошаркарите на МЗТ Скопје.

„Играме против екипа што физички е на високо ниво, игра афресивна одбрана и е одлична во транзиција. Тоа е екипа што минатата сезона беше првак на БиХ, што доволно говори за нивниот квалитет и сериозност. Очекувам максимална сериозност од моите играчи и се надевам дека наидентичен начин ќе одговориме на нивната агресивност“ – изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.

Ова воедно ќе биде и увертира на „металците“ за вечното дерби со Работнички што ќе биде на програмата в недела во салата „Градски парк“.

Се вчитува...