МЗТ Скопје Аеродром е првиот финалист во плеј-оф разигрувањето за титулата во Првата македонската кошаркарска лига откако и третпат славеше во полуфиналната серија против Гостивар заокружувајќи ја убедливо со 3-0. Во третиот меѓусебен дуел, „аеродромци“ славеа со 87-77 (21-23, 24-14, 22-20, 20-20).
Гостите единствено успеаја да парираат во првата четвртина која ја добива со два поени разлика. Но, веќе во вториот период кошаркарите на МЗТ покажаа тотална контрола на играта создавајќи убава предност која ја одржуваа се до крајот на дуелот.
Во второто полувреме, само се одржуваше предноста и покрај обидите на кошаркарите на Гостивар да дојдат до изненадување. Но, беа немоќни пред налетите на „металците“ кои на крајот триумфираа со десет поени разлика.
МЗТ победи на крилјата на Предраг Самарџиски кој имаше извонреден трипл-дабл ефект од 18 поени, 13 скока и 10 асистенции. Со 21 поен мечот го заврши Иванов, кој дополни и со седум асистенции, а со 17 постигнати поени мечот го заврши Дамјан Стојановски.
Во поразениот тим најдобар беше Костоски со 17 поени и шест асистенции, а Димитриевски мечот го заврши со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА