МЗТ не запира – осма победа по ред (фотогалерија)

МЗТ Скопје повторно ја демонстрираше својата моќ на домашната кошаркарска сцена, со лесната и убедлива победа на гостувањето против ТФТ. Избраниците на Радуловиќ наметнаа фантастично темпо во првото полувреме што противникот не успеа да го следи, стигнувајќи до предност од над дваесет поени што потоа ја претворија во рутински триумф.

ТФТ не е наивен ривал, но „сино-белите“ вечерва делуваа импресивно, покажувајќи и квалитет и искуство, два фактори што се исклучително важни во трката за титулата.

Осмата победа во низа, по почетниот пораз од Пелистер, е јасен знак дека МЗТ е во фантастична форма, што сигурно го радува тренерот Радуловиќ во пресрет на третиот балон од АБА2-лигата во кој „металците“ ќе се обидат уште повеќе да се искачат на табелата во регионалното натпреварување.

Се вчитува...