МЗТ означи старт на подготовките: „Пеколно“ на терен, „пеколно“ на трибините (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ги стартуваа подготовките за новата сезона во прекрасна атмосфера во салата „Јане Сандански“ поддржани од своите најверни членови на навивачката група „Фемили“.

Тренерот Ѓорѓи Кочов наметна „пеколен“ старт на подготовките, но „пеколно“ беше и на трибините, од каде што момците во сино-бела опрема ја добија поддршката од членовите на „Фемили Аеродром“.

Кочов на првиот тренинг на располагање ги има(ше) репрезентативците Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Марко Симоновски, Љубомир Младеновски, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко, интернационалците Лестер Медфорд, Џејмс Вудард, Иве Иванов и Андрија Бојиќ како и перспективните Михајло Митев, Ранко Мамузиќ, Леонид Тодоровски, Лука Стојановски и Андреј Настовски.

Екипата до недела ќе тренира во Скопје, а в понеделник ќе се пресели во Маврово каде што ќе го одработи базичниот дел од подготовките.

 

Се вчитува...