МЗТ покажа кој е кој, ќе најде ли „докторот“ лек за Работнички (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје славеше убедливо над Работнички (85-63), одмаздувајќи се за поразот во полуфиналето од Купот на Македонија, воедно и јасно покажувајќи кој е кој моментно во мак-баскетот, во пресрет на решавачките битки за титулата. Кај „металците“ се функционираше беспрекорно, па максимално беше искористена предноста во борбата под обрачите, каде Самарџиски и Иванов доминираа во однос на „центарци“.

На Марин Докузовски му е јасно, Работнички е во криза, па интересно ќе биде да се види дали „докторот“ ќе најде „лек“ за овој проблем, бидејќи актуелниот првак со години наназад не нанижал три порази во низа. Повредите на Стајиќ и на Крстевски носат уште поголеми главоболки во таборот на најтрофејниот кошаркарски колектив, кој со преполовен ростер ќе мора да наоѓа излез од оваа незгодна ситуација.

Се вчитува...