МЗТ потврди – Симоновски си замина

Македонскиот репрезентативец Марко Симоновски веќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, потврдија од актуелниот кошаркарски шампион на Македонија. Раскинот на договорот е потпишан денеска откако двете страни се договориле дека тоа е најдобро решение.

Искусниот бек-шутер од 2016 година беше дел од тимот од „Јане Сандански“ и имаше свој придонес во последните две шампионски титули, како и на трофејот во 2015 година во својата прва сезона во сино-белиот дрес.

Од клубот му се заблагодарија за годините поминати во дресот на МЗТ.

Се вчитува...