МЗТ продава сезонски билети, цените се популарни

МЗТ Скопје денеска објави дека клубот почнува со продажба на сезонски билети за новата натпреварувачка сезона.

Билетите ќе се однесуваат на сите домашни дуели на „металците“ во наредниот период, како во АБА-лигата, така и во домашното првенство, и се со популарни цени од 2.000 и 2.500 денари.

„Скорешниот дуел против Партизан (10 октомври) ќе значи и официјален старт на сезоната за нашите момци на домашен терен. Атмосферата зоврива, интересот е голем, поради што веќе може да го најавиме стартот на продажбата на сезонските влезници, кои ќе важат за сите домашни натпревари на МЗТ Скопје Аеродром до јуни следната година.

Тоа значи следење на 13 средби од АБА-лигата и најмалку 15-тина во домашното првенство, на загарантирано место во салата кое ќе биде само ваше. Цените се популарни и тоа 2.500 денари за трибините со ознака „А“ и 2.000 денари за повисоките блокови во салата „Јане Сандански“. Подетални информации околу продажбата на сезонските влезници ќе ги објавиме следната недела“, објави македонскиот првак.

Се вчитува...