МЗТ рутински мина низ Битола и го прегази Пелистер со 47 поени разлика

Кошаркарскиот вицепрвак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, ја забележа 16-та сезонска победа во домашното првенство откако во дуелот кој го отвори 21.коло беше и повеќе од убедлив на гостувањето во Битола и го совлада Пелистер со високи 118-71.

Во ниту еден момент од дуелот немаше дилеми околу победникот, МЗТ ги доби сите периоди од играта со речиси двојна разлика, а најсигурен беше во завршната четвртина во која уште повеќе ја зголеми предноста, се до конечните 47 поени разлика.

Андрија Бојиќ со 28 поени беше лидер во триумфот на МЗТ, 20 поени постигна Љубомир Младеновски, Марко Симоновски заврши со 18, а Андреј Магдевски со 15 поени.

Кај Пелистер, Мико Голубовиќ ја предводеше листата стрелци со 15 поени, Здравко Богдановски постигна 11, а Габриел Белер 10.

 

Се вчитува...