МЗТ се врати во „Јане Сандански“, тргнува по титулите дома и во регионот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје Аеродром ги почна подготвките за новата сезона. Почитувајќи ги протоколите пропишани за тренинзи на затворено, тренерот Ѓорѓи Кочов па пауза од пет месеци го собра составот кој и во следната сезона треба да се бори на два фронта, во домашното првенство и во АБА 2 лигата.

МЗТ се засили со Американците Феми Олуџоби, Хасани Гравет, го врати српскиот интернационалец Андрија Бојиќ и ги задржа македонските играчи, во најголем дел репрезентативци и повторно ќе атакува на врвот во двете конкуренции во кои ќе настапува.

 

 

 

 

Се вчитува...