МЗТ се засили со Хрватот Иве Иванов

Македонскиот кошаркарски вицепрвак, МЗТ Скопје Аеродром потпиша едногодишен договор со хрватскиот интернационалец, Иве Иванов. 32-годишниот крилен центар е третото странско засилување кое МЗТ го доведе летово, по Лестер Медфорд и по Андрија Бојиќ.

Иванов е легенда на Задар, каде што мина вкупно седум сезони во три наврати, собирајќи огромно искуство во пресметките со најдобрите екипи од просторот на поранешна СФР Југославија. Хрватот играше во АБА-лигата и во дресот на Крка, што дополнително влева надеж дека ќе биде еден од лидерите на нашата екипа во обидот да се дојде до најсилната јадранска конкуренција. Минатата сезона тој настапи на 21 средба во регионална лига во дресот на задрани со просек од 11,2 поени и 4,7 скока.

Од домашните кошаркари, тренерот Кочов во моментов на располагање ги има повратникот Љубомир Младеновски како и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов и Андреј Маслинко. Ангажиран беше и младиот Виктор Исајловски (17 години) и тоа на петгодишен договор.

Се вчитува...