МЗТ сигурен со Вардар, „Штркчињата“ немаа сила за сензација против ФМП

Актуелниот кошаркарскиа шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром стигна до нова рутинска победа, откако на домашен терен го совлада Вардар со 97-80. „Металците“ уште од самиот старт ја покажаа разликата во квалитет, добивајќи го првиот период со плус девет 31-22. Мало опуштање дојде во вториот период во кој гостите успеаја да се приближат и на полувреме да заминат со негатива од само минус пет (51-46). Сепак, победникот беше решен во третиод период кој актуелниот шампион со одлична игра во одбраната на гостинот му дозволи само 13 поени, а по 30 минути игра резултатот на семафорот изнесуваше (74-59). До крајот разликата само се зголемуваше за конечни 97-80. Морнар со 22 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Дамјан Стојановски уфрли 18 поени. Кај поразените Њуес беше одличен со 34 поени.

Вториот тим на МЗТ немаше сила за изненадување против ФМП Академија меч во кој поискусниот клуб славеше со 84-79. „Штркчињата“ го одиграа најдобриот натпревар сезонава. Иако првата четвртина ја изгубија со (23-18), со одлична игра до крај на полувремето успеаја на пауза да заминат со предност од плус три (42-45). Третиот период беше израмнет, а младите „металци“ успеаја за првпат по три четвртини сезонава да имаат предност (65-66). Сепак, клучен беше последниот период во кој ФМП заигра на ниво и успеа да стигне до конечен триумф од 84-79. Херис со 23 и Лонг со 22 поен беа први имиња кај ФМП, ддодека кај МЗТ 2 се истакна Мамузиќ со 24 поени.

Се вчитува...