МЗТ Скопје Аеродром ангажира нов Србин

Македонскиот претставник во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје Аеродром, потпиша договор со поранешниот репрезентативец на Србија во младински категории, Ѓорѓе Милошевиќ (26 год, 200 см). Тој е аквизиција на „металците“ до крајот на сезоната. Според информациите од клубот, станува збор за искусен кошаркар, кој игра на позицијата ниско крило, но кој исто така добро се снаоѓа и како бек-шутер. Досегашната кариера ја има минато во само два клуба, Хемофарм Вршац (2011-2014) и босанска Игокеа (2014-2019).

Милошевиќ зад себе има дури пет сезони одиграни во престижната АБА-лига, а може да се пофали со три шампионски трофеји во БиХ и пет победи во Купот на оваа земја. Со репрезентацијата на Србија, пак, има сребрен медал од ЕП 2011 за јуниори, како бронза од ЕП 2009 за кадети.

Неговото деби во дресот на МЗТ Скопје Аеродром се очекува за следниот меч од АБА 2 – лигата, на гости кај Ловќен следниот четврток.

Се вчитува...