МЗТ Скопје Аеродром го загуби вториот тест против Левски

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го загубија вториот тест – натпревар против бугарскиот тим Левски. По синоќешниот триумф, избраниците на Ѓорѓи Кочов денеска загубија минимално (88-90) од Левски на вториот пријателски меч во СЦ „Јане Сандански“.

Левски го доби првиот период со 23-26, а на полувреме имаше шест поени предност (44-50). МЗТ Скопје Аеродром се врати во ритам добивајќи ја третата четвртина со 21-15 и во егал двете екипи влегоа во последните десет минути. Левски беше за нијанса поуспешен и на крајот славеше со 88-90.

Андрија Бојиќ со 20 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ Скопје Аеродром, Хасани Гравет постигна 13, а двоцифрени беа и Тодрик Гочер (12) и Андреј Магдевски, Дамјан Стојановски и Кристијан Николов со по 11. Јордан Минчев со 24 поени беше најефикасен кошаркар на натпреварот.

Се вчитува...