МЗТ Скопје Аеродром рутински против Куманово

МЗТ Скопје Аеродром славеше на домашен терен против Куманово со убедливи 86-71 во четвртото коло од домашниот кошаркарски шампионат и со тоа стигна до третата победа во првенството која за избраниците на Дарко Радуловиќ воедно и е трета во низа на мак-баскет сцената.

Гостите успеаја да бидат во егал само во првата четвртина која заврши 21-21. Веќе во втората четвртина актуелниот шампион заигра далеку подобро, погоди пет обиди за три поени и веќе на полувреме имаше предност од плус единаесет (50-39). Добриот моментум на „сино-белите“ продолжи и во третата четвртина во која одбраната на „штрковите“ дозволи само девет поени, а во нападот реализираа 17 за зголемување на позитивата. Во последните 10. минути „штрковите“ рутински го приведоа мечот за конечни 86-71.

Дамјан Стојановски со 25 поени и 4 скока беше прво име во победничкиот табор, 16 поени додаде Дејвис додека како двоцифен натпреварот го завшри и Милошевиќ кој на 13-те поени додаде и 7 скока. Предводник на Куманово беше Ѓоѓре Каплановиќ заврши со 17 поени и 6 скока, Настовски против својот поранешен тим реализираше 15 поени, а како двоцифрени со 12, односно 11 поени натпреварот го завршија Кејлеб и Џукановиќ.

Се вчитува...