МЗТ Скопје без Крстевски и Маслинко на турнирот на Златибор

МЗТ Скопје ќе биде значително ослабен за претстојниот турнир од АБА2 лигата поради неиграњето на двајцата македонски репрезентативци, Бојан Крстевски и Андреј Маслинко. Отсуството на Маслинко е очекувано поради проблем со лигаментите на скочниот зглоб (за што најверојатно ќе биде неопходна операција), но „металците“ се надеваа дека на располагање ќе го имаат барем Крстевски, кој имаше повреда на прстот на раката.

Сепак, центарот на успеа да се рехабилитира навреме, па ниту тој нема да му биде на располагање на тренерот Кочов за претстојните четири натпревари што ќе се играат на Златибор во првиот турнир од АБА2 лигата.

Токму поради оваа криза на играчи под рекетот, „металците“ го официјализираа трансферот на Иван Карачиќ. Поранешниот младински репрезентативец на Хрватска (24 год, 203 см) потпиша договор на еден месец, со можност да го продолжи престојот во таборот на МЗТ доколку ги задоволи вкусовите на стручниот штаб.

Карачиќ нема да настапи на денешниот натпревар со Подгорица (17 часот), поради процедурата во јадранското натпреварување за регистрација на нови играчи. Но, се очекува тој сигурно да биде во составот на Ѓорѓи Кочов на вториот дуел, задутре против Сутјеска.

Се вчитува...