МЗТ Скопје доби казна од 42.000 денари за „загрозување на јавното здравје“ на мечот со Еуро Никел

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром за првиот меч од финалната плејоф-серија со Еуро Никел (83-81), одигран во средата во „Јане Санднаски“, од комесарот за натпреварување на КФСМ е казнета со вкупни 42.000 денари. Најголем дел од сумата или 30.000 денари се однесува, според официјалното образложение од КФСМ, за „загрозување на јавното здравје и здравјето на учесниците во натпреварот“, додека остатокот е поради наводна „слаба организација и слаба редарска служба“.

Како што е познато, во првото полувреме првиот финален натпревар во салата „Јане Сандански“ беше прекинат заради поголем број навивачи на трибините од дозволеното согласно здравствените протоколи.

Истовремено на клубот му е потенцирано дека за утрешниот трет дуел, кој исто така ќе се игра во „Јане Сандански“ (17.30 часот), во салата ќе смее да бидат присутни само најмногу по 30 лица од двата клуба, во кои се сметаат и играчите и стручниот штаб на паркетот, како што е прецизирано во протоколот на КФМ. Во спротивно, натпреварот нема да почне.

Се вчитува...