МЗТ Скопје ем одмори, ем убедливо победи (фотогалерија)

Поголемиот дел од домашните натпревари ќе му служат на МЗТ за одржување на натпреварувачката форма за АБА2 лигата, како што тоа беше случај со денешниот меч со Вардар што аеродромци го добија со 30 поени разлика.

На трибините во салата на Вардар се најде место и за гостинските навивачи, кои со своето присуство само ја разубавеа атмосферата, давајќи им крилја на своите миленици во мечот на кој боовите беа однапред запишани. „Вардарци“ парираа додека имаа сили, само десетина минути (првата четвртина заврши 25-24 за домаќините), но остатокот од мечот мина во знакот на гостите од Аеродром, во чии редови повторно шанса добија и дел од помладите кошаркари. „Црвено-црните“ ја добија и последната четвртина со минимални 21-20, но прашањето на победникот веќе беше решено, а овој меч заврши со огромни 30 поени разлика.

 

Се вчитува...