МЗТ Скопје го „демолираше“ Гостивар за 2-0 во серијата

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја запишаа и втората победа за 2-0 во четвртфиналната серија од плејофот, тотално „демолирајќи“ го Гостивар на домашен терен со победа од 89-67.

Гостите успеаја да парираат единствено во првата четвртина која ја добија со 16-17, а потоа се беше во знакот на „металците“.

Клучна за победата беше третата четвртина која МЗТ Скопје ја доби со убедливи 32-11, што и дефинитивно значеше осигурување на победата, на крајот од 89-67.

Буквално сите кошаркари на МЗТ кои влегоа на терен се запишаа со поени на мечот, а најефикасен беше Делалиќ со 14 поени. Робев постигна 13 поени, а Андоновски заврши со 12 поени и пет скока. Кај гостите најдобар беше Стојановски со 20 поени и девет скока.

На шампионот сега му недостасува уште една победа во серијата за место во полуфиналето од плејофот.

Се вчитува...