МЗТ Скопје го обои Сараево во „сино-бело“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Историската, прва средба помеѓу македонски клубови на аба-лигашката сцена му припадна на МЗТ Скопје кој успеа да го добие „вечниот“ дуел против Работнички со 84-82. Со овој тирумф избарниците на Кочов ја забележаа петата победа во регионалното првенство оваа сезона, за разлика од Работнички кој остана на двете победи од првиот „балон“ кој беше одигран во Златибор.

Аеродромци во поголемиот дел од натпреварот ја имаа предноста во свои раце, меѓутоа опуштањето на крајот на третата четвртина умешно го искористи Работнички кој направи целосен пресверт на пет минути до крајот на мечот. Избраниците на Мираковски имаа и предност од 76-80 на крајот на средбата и беа на чекор до победа, меѓутоа почетничките грешки на „црвено-белите“ го вратија МЗТ Скопје во игра, а избранициет на Кочов знаеја тоа да го искористат.

 

 

Се вчитува...