МЗТ Скопје го претстави Кеандре Кук

Промените во таборот на актуелниот шампион на Македонија продолжуваат. По најавеното заминување на Адем Мекиќ, репрезентативецот од денеска и официјално не е член на МЗТ Скопје, а на негово место доаѓа Кеандре Кук, потврдија аеродромци.

Станува збор за 25-годишен Американец кој во редовите на „сино-белите“ доаѓа од францускиот прволигаш АДА Блус и се очекува да биде големо засилување. Тој ја покрива бековската позиција и е познат по реализацијата зад линијата 6,75 каде во ЛНБ лигата бележи 40 отстотна реализација на 15 одиграни средби.

Кук денеска ќе пристигне во нашиот главен град, а дебито во дресот на МЗТ Скопје ќе го има против Партизан во мечот кој ќе биде одигран следниот понеделник во Белград.

Ќе биде интересно да видиме како ќе се одрази новата промена на МЗТ Скопје на домашната сцена со оглед на тоа што заминува домашен играч, а неговото место доаѓа странец тој е шестти интернационалец кој ќе го носи „сино-белиот“ дрес оваа сезона по Кефи, Вер, Миќовиќ, Бурсаќ и Јигитоглу.

Се вчитува...