МЗТ Скопје го задржа и Бојиќ

МЗТ Скопје продолжува со активното формирање на ростерот за новата сезона, откако по Дамјан Стојановски нов договор со „сино-белите“ денеска потпиша и Андрија Бојиќ.

Србинот пристигна во Аеродром пред крајот на ланската сезона и одигра одлично под водство на тренерот Кочов, кој побара Бојиќ да остане во тимот на МЗТ и за наредната сезона. Разговорите вродија со плод, па денеска беше потпишан нов едногодишен договор.

Бојиќ симпатиите ги освои со само 15 одиграни средби во домашното првенство, на кои имаше просек од 12,5 поени и 6,9 скока за нешто повеќе од 20 минути поминати на теренот. Тој пред МЗТ Скопје има настапувано за романска Политехника Јаши, кариерата ја почна во Мега Визура. а го има носено и дресот на ОКК Београд, Борац Чачак, Младост Земун како и унгарски Јазберени и полскиот тим Полфарма.

Ова е второ обновување договор денеска, откако претходно тоа го сторивме и со капитенот Дамјан Стојановски. Засега сигурни во составот за следната сезона, кој ќе биде предводен од Ѓорѓи Кочов, се уште и Дарко Соколов, Андреј Маслинко, Љубомир Младеновски и Американецот Лестер Медфорд.

Се вчитува...