МЗТ Скопје го замрзна „фенерџијата“ на „минус 40“

МЗТ Скопје во рамките од седмото коло стигна до шестата победа во домашното првенство, декласирајќи го на гостински терен составот на Ангели со убедливи 40 поени разлика (77-117). „Фенерџијата“ на табелата немаше никакви шанси за изненадување бидејќи „металците“ одиграа беспрекорно, продолжуваќи со серијата добри игри од вториот „балон“ во АБА2-лигата.

Домашниот состав парираше помалку од една четвртина, првиот период заврши со водство на МЗТ од 17-21, за „сино-белите“ потоа да издоминираат во нападот во вториот дел од мечот, на одмор заминувајќи со предност од 14 поени (38-52). Избраниците на тренерот Радуловиќ продолжија со ефикасна игра до самиот крај, во третата четвртина постигнаа 34, а во последната 31 поен, за најубедлива победа на актуелниот првак од стартот на сезонава.

Мекиќ со 19 и Дамјан Стојановски со 17 поени беа најефикасни во домашниот состав, додека прв стрелец на КК Ангели беше Мандерсон, кој оствари дабл-дабл од 25 поени и 10 скокови.

Се вчитува...