МЗТ Скопје ја посвети титулата: Ова е за тебе, Мац… почивај во мир, мајоре

МЗТ Скопје ја освои титулата во македонскиот шампионат триумфирајќи со максимални 3-0 во финалната серија против Пелистер, по што аеродромци новиот трофеј го посветија на прерано починатиот Марјан Михајловски.

Најверниот навивач на МЗТ почина пред неколку седмици, клубот и навивачите емотивно се простија од него, а сега и 11. титула во клупската историја му беше посветена токму на Мац.

„Оваа титула е за тебе Мац! Радувај се и ти со нас таму од каде што знаеме дека вечно ќе ни даваш поддршка и ќе навиваш за својот МЗТ Скопје Аеродром. ПОЧИВАЈ ВО МИР, МАЈОРЕ!“, објави МЗТ Скопје.

Се вчитува...