МЗТ Скопје ќе има два тима во Првата лига следната сезона

МЗТ Скопје ќе има две екипи во елитното кошаркарско друштво наредната сезона, откако вториот тим на аеродромци триумфираше во Втората лига, обезбедувајќи си автоматска промоција во Првата лига за сезоната 2019/2020.

Финалето беше супердраматично, во првиот дуел МЗТ загуби на домашен терен од Академија ФМП со минимални 86-87, но младите „металци“ се реваншираа со камата на гостувањето во Кисела Вода, триумфирајќи со резултат 66-77, за заслужено место во елитата.

Денешниот пораз не значи и крај на сонот „Прва лига“ за Академија ФМП, тим што го очекува бараж-двомеч со Шкупи за пополнување на последното место од елитното друштво.

Се вчитува...