МЗТ Скопје му врачи отказ на Дарко Радуловиќ (ФОТО)

Дарко Радуловиќ повеќе не е теренер на МЗТ Скопје откако раководството на клубот од Аеродром се одлучи да му врачи отказ по изгубеното финале во Купот на Македонија на кое „сино-белите“ имаа шансa да го престигнат Работнички во бројот на освоени трофеи во престижното натпреварување.

Смената на тренерската позиција ја потврди и раководството на клубот, велејќи дека и во иднина Македонец ќе биде на чело на тимот согласно со амбициите за градење на домашен проект.

„Решивме да се разделиме со Дарко Радуловиќ и во најскоро време ќе биде донесен нов стратег. Тој ќе биде Македонец бидејќи сакаме да градиме македонски проект“, изјави за ЕКИПА, спортскиот директор Филип Ѓоревски.

Младиот стратег седна на клупата на тимот од Аеродром во март претходната година на местото на Ѓорѓи Кочов и со успех го предводеше тимот до три титули: Купот на Македонија, првенството и Суперкупот на почетокот на оваа сезона.

Дарко Радуловиќ го предводеше МЗТ Скопје на вкупно 57 официјални натпревари до Првата лига и АБА2 првенството, притоа забележувајќи вкупно 44 победи и 13 порази. Притоа аеродромци остануваат тимот со најмал број на порази во мак-баскетот оваа сезона, вкупно пет во две натпреварувања.

Се вчитува...