МЗТ Скопје на рехабилитација против Подгорица

По катастрофалниот почеток на „балонот“ на АБА2 во Бања Лука и поразот од Сутјеска, МЗТ Скопје денеска од 21 часот силите ќе си ги одмери со Подгорица во обид да се рехабилитира од напаѓачкото фијаско кое го покажа против црногорскиот претставник.

Денешниот дуел нема да биде нималку лесен за аеродромци кои мораат да најдат подобар проток на топката, да ги сведат грешките во нападот на минимум, но и повторно да бидат на врвот на својата задача во одбраната каде ќе мораат да го затворат рекетот и да го исконтролираат скокот доколку сакаат да им се вратат на победите.

Овие два тима одиграа само еден меѓусебен натпревар во досегашниот дел од АБА2 лигата, оној претходната сезона кога Подгорица успеа да го земе скалпот на МЗТ Скопје на самото отварање на новата сезона па тоа може да биде и дополнителен мотив за избраниците на Дарко Радуловиќ.

До крајот на четвртиот „балон“ на регионалното првенство МЗТ Скопје го очекува уште еден натпревар, оној против Војводина кој ќе биде одигран во сабота.

Се вчитува...