Македонскиот претставник МЗТ Скопје Аеродром не доби промоција во елитното друштво на АБА на денешното Собрание, затоа што лигата одлучи да го чека тимот на Приморска. Ждребот е закажан за средината на јули, а дотогаш Приморска мора финансиски да потврди дека може да настапува во најквалитетното регионално друштво. Во спротивно, МЗТ ќе биде тимот што ќе го заземе местото на словенечкиот клуб.
Приморка е во финансиски проблеми, но спортскиот директор на клубот Горан Јагодник потенцираше дека словенечкиот тим ќе успее да се извлече и да го задржи статусот.
Согласно ова, МЗТ Скопје Аеродром, заедно со Работнички, е на листата на клубовите кои наредната сезона треба да играат во АБА 2 и е проширена на 14 тима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА