МЗТ Скопје објави: Николов останува, потпишани и Рикиќ и двајца Американци

МЗТ Скопје преку официјална информација на веб-страницата ги потврди трансферите на три нови засилувања, воедно и останувањето на Кристијан Николов во таборот на актуелниот првак. Сериозен интерес за Николов покажуваше Еуро Никел, но откако Магдевски се пресели во Романија „металците“ ги интензивираа преговорите со овој плејмејкер и успеаја да го задржат во СЦ „Јане Сандански“.

Воедно, решено е и прашањето на тројца странски кошаркари кои ќе го носат дресот на МЗТ Скопје во следната сезона, изборот падна на двајца Американци, Дастин Ваер (31 год, 183 см) и Хуан Дејвис (24 год, 203 см), како и еден добро познат хрватски интернационалец, Роберт Рикиќ (31 год, 219 см).

Ваер е игра на позицијата плејмејкер и зад себе има големо европски искуство, кое му почна пред десетина години во дресот на Цибона, а потоа настапувал за екипи како германски Улм, Јашеберени, ЗТЕ (Унгарија), Виши, Булазак (Франција), Лукоил Академик, Колосос и полски Шчекин каде што ги мина последните две сезони. Дејвис е крилен центар кој доаѓа од холандски Феенорд, а има играно и за финските екипи Нокиа и Каухајон, со кој беше дел од Лигата на шампионите на ФИБА. Џинот Рикиќ е поранешен играч на Широки, Будуќност, Игокеа, Сплит, кој минатото првенство беше најдобар играч на Еуро Никел.

„Капитен на екипата останува Дамјан Стојановски, а договорни обврски со нашиот клуб имаат уште и Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев. Со ова, најверојатно, засега ќе го заокружиме ростерот со напомена дека останатите четири места во тимот ќе бидат пополнети со играчи од нашата младинска школа, пред се од вториот тим, со цел најголемите таленти да добијат шанса да се натпреваруваат со најдобрите со кои располага МЗТ Скопје“, информираат од таборот на аеродромци.

Се вчитува...