МЗТ Скопје походот на Јадранот го започнува со Младост

Четвртиот обид за влез во „елитата на Јадранот“ МЗТ Скопје го започнува денеска од 18 часот во Златибор со дуел против минатогодишниот противник во чевртфиналето, Младост Земун.

Аеродромци во подготовките за новата сезона мака мачеа со повреди, но актуелниот шампион и покрај десеткуваниот состав на почетокот на сезоната прикажа игра која ветува. Добра вест за Дарко Радуловиќ е и тоа што тимот полека се комплетира, за мечот против Кожув се вратија Бојан Крстевски и Роберт Рикиќ, а очекувањата се дека во тимот за Младост ќе биде и Адем Мекиќ.

„Претходната сезона одигравме со Младост во неколку наврати. Тоа е добро позната екипа за нас кој и покрај тоа што има различен состав од лани го задржа претпознатливиот стил на игра со цврста и агреисвна одбрана. Нашата шанса ќе биде во тоа ние да ја контролираме играта и да пружиме отпор на нивата агресивност. Имаме квалитетна екипа, меѓутоа поради големиот проблем со повреди сеуште не сме ја нашле претпознатливата форма. Но, сега екипата е комплетна и од натпревар во натпревар ќе ја креваме формата“, изјави за ЕКИПА, Бојан Крстевски.

Пред „сино-белите“ е тежок натпревар против силен противник. Аеродромци претходата сезона одиграа три средби против белграскиот состав, а запишаа скор од два порази и една победа. Во однос на претходната сезона во екипата на Младост нема да бидат Мичел и Дречел, но тимот сега се потпира на двајца играчи кои бележеа настапи во македонското првенство, поранешниот „штрк“ Андреја Бојиќ и асот на Куманово, Отис Ливингстон.

За МЗТ Скопје да стигне до победа потребно ќе биде да се затвори рекетот од каде доаѓа и најголемата опасност на Младост, притоа и да се исконтролира скок играта и со добра транзиција да се стигне до лесни поени.

Се вчитува...