МЗТ Скопје поразен и од Арис на турнејата во Солун

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е поразен и на вториот меч од турнејата во Солун, откако денеска загуби и од Арис со 85-71.

Откако на полувреме МЗТ имаше водство од 44-43, на почетокот на третиот период, домаќините направија серија од 18-0 и од 43-47 направија 61-47. По 30 минути игра беше 65-51, а во последниот квартал Арис ги достигна највисоките 81-56. Повторно Рикиќ беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, сега со 20 поени. Николов додаде 16, Крстевски 12, а Дејвис 11.

За потсетување МЗТ Скопје вчера загуби од Ираклис.

Се вчитува...