МЗТ Скопје преговара со Бојиќ

Андрија Бојиќ е блиску до камбек во редовите на МЗТ Скопје, како најново засилување на македонскиот првак за настап во АБА1 лигата. Српскиот крилен центар веќе неколку години е венчан за Македонка и најверојатно ќе може да настапува како домашен играч во Првата лига.

Управата на аеродромци најави дека е во потрага по нови засилувања за позициите „четири“ и „пет“, каде Бојиќ би му бил од голема помош на тренерот Александар Петровиќ. Преговорите се веќе во тек, а за Бојиќ ова би бил трет потпис за аеродромци, откако настапуваше за овој македонски прволигаш во сезоната 2018/19 и 2020/21. Тој ја мина ланската сезона во дресот на Младост Земун, но големи се шансите дека по една година пауза повторно ќе се врати во МЗТ Скопје.

Тој би бил четвртиот играч за борба во рекетот за „металците“, заедно со Крстевски, Максвел и Миќовиќ.

Се вчитува...