МЗТ Скопје против Рогашка цели кон перфекција на Златибор

МЗТ Скопје по победата над фаворизираниот Младост во првото коло од турнирот во Златибор денеска од 21 часот го продолжува „походот кон Јадранот“ со натпревар против словенска Рогашка.

Аеродромци покажаа добра игра на претходниот натпревар на кој успеаја да го наметнат своето темпо, го натскокаа противникот, одиграа и добро во транзиција и сосема заслужено стигнаа до триумф. За разлика од „сино-белите“ денешниот противник загуби на првиот меч од Сутјеска.

По победата атмосферата во тимот е на високо ниво, а од таборот на МЗТ Скопје знаат што треба да направат за да се издвои победа против словенскиот претставник.

„Атмосферата во тимот од одлична. Победа како победа носи позитива во внатрешноста на тимот, како и мотив за продолжување на победничката серија. Рогашка е одличен тим со одличен тренер и микс на младост и искуство и секогаш игра убава кошарка. Нашата шанса ќе ја бараме пред се во агресивната одбрана и напади од транзиција. Имаме поголем ростер и мислам дека тоа е нашата предност за да излеземе како победници на овој натпревар“, изјави за ЕКИПА, Адем Мекиќ.

МЗТ Скопје води со 3-1 во меѓусебните натпревари против Рагошка со тоа што словенскиот тим славеше само во првиот меч одигран во 2018 година. Претходната сезона на „балонот“ на АБА2 на овие два тима им беа потребни две продолженија за да се одлучи победникот.

Се вчитува...