МЗТ Скопје против традицијата ќе бара изненадување во Црна Гора

МЗТ Скопје натпреварите во АБА лигата ги продолжува со гостување во Подгорица против Будуќност од 19 часот. Аеродромци досега одиграа шест натпревари против црногорскиот претставник во неговиот дом, а немаат забележано ниту една победа.

Четата на Александар Петровиќ ќе има тешка задача и денеска со оглед на составот кој го има Будуќност кој покрај регионалното првенство се натпреварува и во Еврокупот, но „сино-белите“ во Црна Гора не одат со бело знаме и засилени со центарот Eван Масквел кој се врати по повреда на средбата против Партизан ќе се обидат да стигнат до изненадување.

Будуќност одлично ја започна сезоната и славеше со 35 поени разлика против Сплит, но беше поразен на претходниот натпревар на гостувањето кај Црвена Звезда, додека МЗТ Скопје камбекот во регионалното првенсто го отвори со два порази од минатогодишните финалисти.

 

Се вчитува...